Продолжува периодот на стабилно и суво време

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето во земјава беше ведро, а утрово е сончево со мала до умерена облачност. Во североисточното подрачје дува умерен ветер од источен правец.

Како што додаваат од Управата за хидрометеорлошки работи, во текот на денот ќе имаме сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умернео облачно време со максимална дневна температура до 19 степени целзиусови.

Продолжува периодот на стабилно и суво време, освен во четврток, кога во западните делови ќе има локален слаб дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.емпературата ќе биде во постепено благо опаѓање, информираат од УХМР.

Leave a Reply