Продаваат измет од лав, чини 5 евра, но бизнисот им цути (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Германскиот циркус „Крон“ има 26 лавови и тигри и откри необичен извор на приход благодарение на Мартин Лејси кој се грижи за овие големи мачки.

Loading...

Лејси изјави за Ројтерс дека немал идеја дека нивниот измет има какви било корисни состојки што може да му бидат од корист на секого.

Сепак, долги години луѓето доаѓале и го замолувале да собере малку лавовски измет. Кога ги прашал зошто им е потребно, тие тврделе дека нејзиниот мирис ги одвраќа мачките да роварат во градината.

 

 

„Тогаш сопственикот на локалната гаража купи одредена количина од нас затоа што открил дека изметот спречува други животни да влезат и да ги џвакаат каблите. Досега сме продале 2.000 лавовски „каки“.  Јас секогаш им велам на клиентите, ако имаат незгодни соседи, да попрскаат малку во дворот, тоа сигурно ќе ги оддалечи“, се пошегува Лејси.

Тегла од ова кафеаво „злато“ се продава за пет евра во необичен киоск во облик на „кака“, а дел од средствата се наменети за добротворна организација која се грижи за подобрување на условите на животните кои се во заробеништво.

Loading...

 

Leave a Reply