Приведени две лица при обид за кражба во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица биле приведени вчера при обид да одземат предмети од продажен објект во Куманово.

Loading...

– На 27.03.2024 во 05.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.И.(30) и С.Б. (33), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тие биле затекнати при обид да одземат предмети од продажен објект на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово.

– Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Никола Ивановски