Приведени двајца млади кумановци поради кражба

Сподели со своите пријатели

Две млади лица од Куманово се приведени, под сомнение дека од гаража во сопственост на нивен сограѓанин украле разни предмети.

Loading...

– На 18.02.2021 во 22.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.С.(20) и Ч.М.(18), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 03.02.2021 со употреба на сила и подесен алат влегле во гаража на улица „Пелинска“ во Куманово, сопственост на Н.Ф. и одзеле разни предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тие биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply