Приведена кумановка фатена при обид за кражба

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишна кумановка вчера била приведена откако била фатена при обид да изврши кражба од куќа.

Loading...

– На 18.12.2022 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, таа била затекната при обид да одземе предмети во куќа на улицата „Братство Единство“ Куманово.

М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило