Приведена 23-годишна девојка при обид да изврши кражба во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишна девојка од кривопаланечкото село Длабочица била приведена при обид за кражба во Куманово.

Loading...

– На 15.02.2024 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле М.С.(23) од селото Длабочица, кривопаланечко, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, таа била фатена при обид да изврши кражба во продажен објект во Куманово.

– По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово