Приведен жител на Приштина со фалсификувани документи

Сподели со своите пријатели

На граничниот премин „Св. Наум“ на излез од Република Македонија синоќа е приведен У.М.(41) од Приштина кој имал фалсификувани документи. Тој со автобус „Мерцедес“ со косовска регистарска ознака се пријавил како П.Ц.И.(42) од Бугарија.

МВР информира дека од страна на полициските службеници по извршена пасошка контрола утврдено е дека патната исправа евидира како изгубена/украдена, при што со потврда за привремено одземени предмети е одземена.

При дополнителна проверка во личните документи на лицето (лична карта, патна исправа и возачка дозвола) утврдено е дека се фалсификувани. Лицето изјавило дека неговиот вистински идентитет е У.М.(41) од Приштина. У.М. е предаден на полициски службеници од Регионален центар Запад за понатамошна постапка./МИА

Leave a Reply