Приведен кумановец затекнат при кражба од автомобил

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишен кумановец ноќва бил приведен откако бил затекнат во обид да одземе предмети од автомобил.

Loading...

– Денеска (13.12.2022) во 00.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф. (42) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, на улицата „Србо Томовиќ“ во Куманово, полициски службеници го затекнале при обид да одземе предмети од патничко моторно возило.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци