Приведен кумановец баран за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец баран за издржување затворска казна, денеска бил приведен од полицијата и спроведен на извршување на казната.

Loading...

– На 18.02.2021 во 01.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода М.П.(38) од Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Никола Ивановски

Leave a Reply