Приведен кумановец баран со потерница

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен кумановец баран со потерница поради издржување затворска казна бил приведен од страна на полицијата.

Loading...

– Денеска (13.04.2023) во 04.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Љ.(44) од село Черкези, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива