Приведен 42-годишен крадец од Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека насилно влегол и украл предмети од објект во градот.

Loading...

– На 30.10.2023  во 15.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д. (42) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека на 29.10.2023 насилно влегол во деловен објект на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово и одзел повеќе предмети.

М.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

Никола Ивановски