Приведен 20-годишен крадец од Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишник од Куманово бил приведен вчера под сомнение дека извршил кражба во куќа при што одзел разни предмети.

Loading...

– На 31.07.2023 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека истиот ден влегол во куќа на улицата „Трст“ во Куманово и одзел разни предмети.

А.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо