Притиснала погрешно копче и освоила милион долари на лотарија

Сподели со своите пријатели

Миријам Лонг е добитничка на џекпот од милион долари Пауербол, а начинот на кој ги освоила парите е неверојатен.

Loading...

Се започнало кога дошла до автомат во Блексбург, каде планирала да купи лотарија Mega Millions, пренесува UPI.com.

Миријам отишла до машината, но притиснала погрешно копче и купила Powerball наместо Mega Millions.

Не ѝ останало ништо друго освен да ја чека ждрепката на 18 март, кога го доживеа шокот на животот.

Таа ги спарила првите пет победнички броеви и освои 1 милион долари.

„Ова е најдобрата грешка во мојот живот“, изјави среќниот добитник.

Миријам додава дека срцето за малку ќе и искокнело од градите.

„Бев возбудена, воодушевена. Тоа е неодоливо”, истакна таа.

Loading...

Жителката на Вирџинија не откри што планира да направи со големата сума на готовина што ја освоила откако притиснала погрешно копче.