Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатен телефонски број

Сподели со своите пријатели

Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска од 7:00 до 21:00 часот функционира бесплатната телефонска линија, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Loading...

Од прес-службата на народниот правобранител соопштија дека отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на народниот правобранител и тоа во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Leave a Reply