Пригожин и Путин одржале тајна средба во Москва по завршување на бунтот?

Сподели со своите пријатели

Лидерот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, е во Москва од 1 јули, ексклузивно објави француското издание Либерасион повикувајќи се на „извори од западните разузнавачки служби“.

Loading...

Потсетуваме, Пригожин на крајот на јуни започна бунт против руското воено раководство, најави дека оди по патот на Москва, но на крајот се откажа од намерата.

Наводно по налог на белорускиот диктатор Александар Лукашенко е „договорено“ Пригожин да биде помилуван, но да продолжи да живее во Белорусија.

Меѓутоа, таму не останал долго.

Наскоро тој бил виден во Санкт Петербург, а сега француските медиуми тврдат дека на 1 јули во Москва се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин.

Наводно, на таа средба тој преговарал за иднината на Вагнер групата со Путин, но и со Виктор Золотов, шефот на Националната гарда и Сергеј Наришкин, шефот на странската разузнавачка служба.

На 6 јули Лукашенко потврди дека Пригожин се вратил во Русија.

Нема официјална потврда за тоа каде се наоѓа Пригожин.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.