Претставници на Ерменија и Азербејџан утре во Брисел

Сподели со своите пријатели

Секретарот на ерменскиот совет за безбедност Армен Григорјан и помошникот на азербејџанскиот претседател Хикмет Хаџиев ќе се сретнат на 26 септември [вторник] во Брисел за да подготват разговори меѓу водачите на двете земји.

Loading...

Разговорите меѓу државниот врв се очекува да се одржат во Гранада, Шпанија на 5 октомври, соопшти прес-службата на Советот за безбедност на Ерменија.

Во соопштението се наведува дека Григоријан ќе престојува во официјална посета на Брисел, каде што е предвидено да се сретне со советниците на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Тој потоа ќе се сретне со помошникот на претседателот на Азербејџан за да се подготви за средбата на лидерите, пренесе ТАСС.

Прекин на огнот

По 24-часовната воена операција на азербејџанската армија во Нагорно Карабах на 20 септември беше прогласен прекин на огнот.

Нагорно-Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, е надвор од контролата на Баку од раните 1990-ти, по војната меѓу Ерменија и Азербејџан.

Азербејџан повторно зазеде делови од територијата на Нагорно-Карабах и областа околу неа во војната во 2020 година.