Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведени три лица

Сподели со своите пријатели

Три лица во Куманово вчера биле приведени откако во просторијата во која биле, полицијата открила прашкаста материја и дигитална вага.

Loading...

– На 07.11.2022 во 16 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(35), Д.З.(44) и Ф.А.(47), сите од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при претрес во домот на  М.А., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати Д.З. и Ф.А., кај Ф.А. биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

Никола Ивановски