Претежно сончево време со температури над просекот

Сподели со своите пријатели

Во најголемиот дел од земјава времето е ведро и претежно тивко, а по одделни котлини има појава на слаба магла. На крајниот југоисток, како и во Преспанското подрачје има зголемена ниска облачност.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, особено во западните и јужните делови, каде кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температурата ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умернео облачно време со максимална дневна температура од 18 степени целзиусови.

И утре ќе има зголемена облачност, а во јужните и југозападните делови ќе има и локални врнежи од дожд, особено претпладне. Потоа продолжува периодот на стабилно време со појава на утринска магла по котлините. Дневната температура ќе биде малку над просекот за овој период од годината.

Leave a Reply