Претежно сончево, дневните температури во позитива

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно ведро, во втората половина од ноќта и изутринава во централните делови имаше појава на ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Беше претежно тивко, само на повисоките места дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во текот на денот нѐ очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.

Попладне облачноста ќе се зголеми и во вечерните и ноќните часови ќе има повремен слаб снег, претежно во североисточните делови.

Максималната температура ќе достигне од -2 до 6, а во делови од Пелагонија околу -7 степени.

Во Куманово и околината утринава се измерени девет степени под нулата. Во текот на денот ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб ветер од западен правец, а максималната дневна температура се очекува да достигне три степени целзиусови.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply