Претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде претежно облачно со повремен дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Повеќе врнежи се очекуваат претпладне и кон крајот на денот во западните делови од земјава. Ќе дува умерен ветер а наместа засилен ветер од југоисточен правец, наместа особено во Пелагонија ќе се засилува и се очекува да достигне до околу 70 км/час. Минималните температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 10 до 16 степени целзиусови.

Врнежливо време ќе имаме и во кумановско, ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 15 степени.

Повремени локални врнежи од дожд ќе има в сабота особено во западните делови од земјава. А од недела до среда следува период на стабилно, суво и потопло време. Потоа, од четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд и опаѓање на температурата на воздухот.