Премиерот на Јапонија бара да се усвои план за 30 отсто жени менаџери во компаниите

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот премиер Фумио Кишида побара од неговата влада да излезе со план за зголемување на бројот на менаџерки во големите компании за најмалку 30 отсто до 2030 година.

Loading...

„Сакаме 30 или повеќе проценти од менаџерите да бидат жени до 2030 година во компаниите котирани на берзата во Токио“, рече Кишида на состанокот посветен на родовата еднаквост.

Според владините истражувања, жените минатата година имале 11,4 отсто од раководните позиции во големите компании.

Кишида оцени дека гарантирањето на различноста ќе ги поттикне иновациите и економијата.

Во Јапонија постои голема родова нееднаквост, особено во политиката и на менаџерските позиции во компаниите. Јазот во платите меѓу мажите и жените е исто така многу голем.