Пожари во две куќи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пожари во два семејни дома избувнале во текот на изминатото деноноќие, при што нема повредени, а нанесена е само материјална штета.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи подрум од семеен дом се запалил во населбата Перо Чичо. Шестмина пожарникари излегле на терен во 06:54 часот и со максимални напори не дозволиле проширување на пламените јазици. Интервенцијата траела цели два часа.

Покрив табла на балкон на семеен дом лоциран на улицата „Доне Божинов“ исто така горел во текот на вчерашниот ден. Шестмина пожарникари интервенирале во период од 14:25 до 15:05 часот.

Вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово, вчера бележат и две интервенции на отворено, односно гаснеле запалена трева во селата Живиње и Слупчане.

фото: архива

Leave a Reply