Пожар во Русија: 20 лица загинаа во илегален дом за стари лица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пожар избувна во илегален дом за стари лица во руската област Кемерово во Западен Сибир, при што загинаа 20 лица.

Loading...

Според медиумите, уште две лица се повредени и се во критична состојба. Вкупно им е укажана помош на шест стари лица, прецизираат во регионалниот центар за итна медицина.

Гувернерот на Кузбас Сергеј Цивилев изјави дека по пожарот ќе бидат проверени сите институции од ваков тип, особено приватните.

По пожарот обвинителството покрена случај за убиство од небрежност, а гувернерот на Кузбас Сергеј Цивилев изјави дека ќе бидат проверени сите институции од ваков тип, особено приватните.

Ќе ги провериме сите институции од ваков тип, пред се приватните. Проверките ќе завршат во рок од една недела“, напиша Цивилев на каналот Телеграм.

Пожарот избувнал во двокатна дрвена зграда од приватен дом за стари лица во Кемерово, а надлежните судски служби потврдиле дека се работи за дивоградба.

 

Loading...