Пожар на оџак во станбен објект во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пожар вчера окол 10:45 часот избувнал во станбен објект на улицата „Благоја Илиев Гуне“ во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица – Куманово, а повредени лица нема.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Според информациите од ТППЕ Куманово запален бил оџак на станбениот објект. било интервенирано со тројца пожарникари од 11:25 до 12:15 часот.

Кумановските пожарникари вчера интервенирале и на опожарена електрична трафостаница на улицата „ЈНА“. На терен излегле петмина пожарникари и интервенцијата траела од 13:40 до 14:05 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply