Пожар на аеродром во Италија, летовите прекинати до 19 јули

Сподели со своите пријатели

Пожар избувнал на меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“ во градот Катанија на Сицилија, а летовите ср прекинати до 19 јули во 14 часот, соопшти компанијата што стопанисува со тој аеродром SAC.

Loading...

Пожарот кој синоќа во 23 часот и 29 минути бил пријавен кај пожарникарите е изгаснат, а патниците се евакуирани од аеродромот кој бил полн со чад.

Имало стампедо, но засега нема посериозни повредени, пренесува италијанска Анса.

Пожарот избувнал на долниот кат на аеродромот, додава РАИ.

Причината за пожарот се уште не е утврдена.