Пожар избувна во шведска нафтена рафинерија, има повредени

Сподели со своите пријатели

Пожарот што денеска избувна во нафтената рафинерија Нинас во шведската општина Нинашамн е изгаснат, а има полесни повреди, соопшти полицијата.

Loading...

„Пожарот избувна во средината на утрото, а спасувачките служби брзо пристигнаа на местото и пожарот сега е изгаснат. Погодената област веднаш е евакуирана“, соопшти портпаролот на компанијата Нинас.

Портпаролката на локалната противпожарна и спасувачка служба претходно изјави дека тие се на лице место и дека гори сурова нафта, но дека зградите не горат и дека нема опасност од ширење на пламенот.

Неколку лица се здобиле со полесни повреди, соопшти полицијата која го опколила теренот.

Фотографиите објавени од дневниот весник Aftonbladet и јавното радио SR покажуваат густ црн чад што се издига над рафинеријата, која се наоѓа на околу 50 километри јужно од главниот град на Шведска, Стокхолм.