Повторно одложено судењето на Зоран Божиновски

Сподели со своите пријатели

Судското рочиште за кумановскиот новиар Зоран Божиновски, кој се сомничи дека е дел од случајот „Шпион“ и денс беше одложено, а овој пат поради одсуство на судијката Сандра Крстиќ, која го води случајот.

Истата побарала да биде прераспоредена во друг оддел, поради лични и семејни причини, додека предметот сега ќе падне во рацете на нејзината колешка Ленка Давиткова.

Зоран Божиновски минатата недела зпаочна штрајк со глад, а залуден беше и протестот на Здружението на новинари на Македонија кои од пред судот побараа нивниот колега веднаш да биде пуштен да се брани од слобода.

Инаку Божиновски се терети за злосторничко здружување и уцена. Истиот подолг период беше во Србија, но подоцна по барање на македонските власти беше приведен и експресно екстрадиран во родната земја каде веднаш беше сместен во притвор.

Според колегит еи неговото семејство ова е политичка хајка против Божиновски, а со цел да го замолчат.

 

Loading...