Повторно активиран шумскиот пожар во липковско

Сподели со своите пријатели

Шумскиот пожар кој пред околу една недела избувна на потегот меѓу селата Пресница и Стрима во општината Липково, вчера повотрно се активирал.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на терен вчера излегла екипа со петмина вработени на Шумско стопанство Куманово со едно теренско возило.

Вработените се труделе да го изгаснат пожарот, но во 18:45 часот пристигнала информација до РЦУК, дека екипата била повлечена бидејќи нема можност да дејствува во ноќните часови.

Нема информација каква е состојбата утрово.

Никола Ивановски

Leave a Reply