Шумски пожар беснее на непристапен терен во Липково

Сподели со своите пријатели

Шумски пожар беснее на територијата на липковските села Пресница и Стрима, но поради непристапниот терен барањето за интервенција од страна на кумановската противпожарна единица е одбиено.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), во пожарот гори нискостеблеста шума и исечени гранки од селото Пресница кон селото Стрима.

Теренот, велат од РЦУК, е непристапен и не може да се интервенира од Територијалната противпожарна единица Куманово бидејќи до местото на пожарот нема пат.

Двајца шумари од Шумско стопанство Куманово се на терен, но не можат да се приближат поради непристапниот терен.

Инаку кумановските пожарникари вчера бележат интервенција на запалена сува трева во Агино село. Тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале во период од 23:35 до 12:20 часот, а претходно интервенција имале и долж автопатот „Пријателство“.

Завчера сува трева, кумановските пожарникари гаснеле во атарот на селото Костурник.

Никола Ивановски

Leave a Reply