Повредени 20-годишници од Куманово, откако со „поло“ излетале од коловозот

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени, од кои едно потешко, откако дваесетгодишен кумановец со својот автомобил излетал од коловозот вчеравечер.

Loading...

– На 19.02.2021 во 22,20 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Никуљане, патничко моторно возило “фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.Ж.(20) од село Долно Којнаре, кумановско излетало од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката А.Т. (20) од Куманово констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply