Повисоки температури во следните денови

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше претежно ведро со слаб ветер од јужен правец. Утрово во западните и северните делови има појава на умерена до значителна облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Претпладне во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево со мала облачност, а во западните делови умерено до значително облачно.

Попладне облачноста ќе се зголеми и во останатите делови, а во текот на ноќта кон недела во крајните западни делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег. Во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне од 4 до 13 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу третиот степен под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до 6 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а попладне од јужен правец.

Во понеделник попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.  Се очекува пообилни да бидат во западните делови.

Температурите во следните денови ќе бидат повисоки, освен во вторник кога ќе дува засилен северен ветер.

 

Loading...

Никола Ивановски