Повеќето цивили што се криеле во театарот во Мариупол го преживеале гранатирањето

Сподели со своите пријатели

Украинските власти денеска соопштија дека засолништето во театарот во Мариупол го издржало бомбардирањето, дека во моментов се работи на евакуација на луѓето и дека повеќето од нив преживеале, пренесува Би-Би-Си.

Loading...

– Зградата е уништена. Повеќе од 1.000 жени и деца се во засолниште во театарот во Мариупол, во подрумот – изјави пратеникот Дмитро Гурин.

 

Британија и пет други земји побараа седница на Советот за безбедност на ОН за Украина

 

– Пред неколку минути добивме информација дека прифатилиштето го издржало бомбардирањето и дека луѓето што останале таму преживеале. Сè уште не знаеме дали има ранети или загинати. Но, повеќето од нив изгледа преживеале и се добро – додаде Гурин.

Претходно, украинските власти ја обвинија Русија дека намерно го уништила театарот во Мариупол, во кој, според нивните тврдења, во моментот на ракетниот напад биле сместени околу 1.200 луѓе.

 

Loading...

Јапонија: Забележани се четири руски бродови кои пловат на запад

 

Но, руската страна синоќа ги демантираше обвинувањата на Киев дека Русија извршила воздушен напад врз тој театар, наведувајќи дека милитантите на националистичкиот баталјон „Азов“ извршиле нова провокација, кревајќи ја во воздух зградата на театарот во Мариупол, која претходно ја минирале.