Потврден смртоносен вирус во Австралија: Лекарите предупредуваат на лилјаците, се однесува и на домашните миленици

Сподели со своите пријатели

Смртоносниот вирус е пронајден кај лилјаците во пештерите во Јужна Австралија. Експертите предупредуваат дека е многу опасно за луѓето и дека може да предизвика смрт, па затоа здравството на Јужна Австралија го објави ова соопштение во четвртокот, во кое се повикува населението да избегнува какви било контакти со овие животни.

Loading...

Д-р Луиза Флоуд од Одделот за контрола на болести на Министерството за здравство изјави дека ова е трет пат лисавирус (АБЛ) да се најде кај лилјаците во оваа држава.

 

 

– АБЛ е болест што може да се пренесе на луѓето преку залак, или ако заразен лилјак ги изгребе, и ако каснатото лице не се лекува по појавата на симптомите, исходот може да биде фатален – објасни д-р Флоуд.

Иако само еден процент од лилјаците ја имаат оваа болест, лекарот објаснува како последните случаи се загрижувачки и се важен потсетник дека лилјаците треба да ги чуваат соодветно обучени и вакцинирани обучувачи.

– Иако развојот на АБЛ-болест може да се спречи со соодветно санирање на каснувања или гребаници, најдобро е да се избегне каков било контакт со нив – истакна докторот.

Loading...

Д-р Мари Кар од Одделот за примарни индустрии ги предупреди сопствениците на миленичиња да ги чуваат што е можно подалеку од лилјаците.

„Ако се сомневате дека вашето животно е каснато или изгребано од лилјак, ве молиме контактирајте го вашиот ветеринар или Центарот за контрола на болести на животни“, рече таа.

 

 

Девет случаи на лица кои биле изложени на АБЛ биле регистрирани минатата година и сите случаи биле третирани и превентивно им биле дадени вакцини против беснило. Секој што е каснат или изгребан од лилјак треба да ја исчисти раната најмалку пет минути и веднаш да нанесе антисептик, велат експертите.

Што е тоа Лисавирус (АБЛ)?

Вирусот на беснило и АБЛ спаѓаат во групата лисавируси кои обично се пренесуваат преку каснување од заразено животно. Тие предизвикуваат беснило што влијае на централниот нервен систем и обично завршува со фатален исход. Светската здравствена организација проценува дека повеќе од 55.000 луѓе годишно умираат од беснило.

Loading...

Само три случаи на инфекција и смрт на човекот со АБЛ се регистрирани откако вирусот бил идентификуван во 1996 година. Сите три се забележани во Квинсленд.

За потсетување, како главен виновник за пандемијата на коронавирус и смртта на милиони луѓе, лилјаците обично се издвојуваат. Многумина веруваат дека лилјаците се носители на вирусот „ковид 19“ и дека вирусот се проширил од нив на луѓето, пренесува „Дејли меил“.

 

Leave a Reply