Посвежо време со услови за дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Во попалдневните часови е можна појава на врнежи и грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне 25 степени.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а тогаш ќе почне да дува и умерен до засилен јужен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови.

Под влијание на влажен бран во сабота ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер.

Температурата значително ќе се намали. Во недела и понеделник ќе биде променливо облачно и се уште ветровито со појава на локални врнежи од дожд, додаваат од УХМР.

Leave a Reply