Порше излета од патот во Романовце, возачот тешко повреден

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишен жител на Скопје бил тешко повреден откако со својот автомобил „порше“ излетал од автопатот Куманово – Скопје.

Loading...

– На 10.03.2023 околу 20,10 часот на автопатот Куманово-Скопје во атар на с.Романовце, кумановско, патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(42) од Скопје, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, по несреќата В.С. бил пренесен во Ургентен центар-Куманово, каде од лекар му е констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово.

Никола Ивановски