Поранешен американски војник уапсен за убиство во Германија по речиси 46 години

Сподели со своите пријатели

Маж обвинет за убиство на жена додека бил стациониран во Германија како американски војник пред речиси 46 години, е уапсен во САД, соопштија германските инспектори.

Loading...

Мажот (66), чие име не е објавено во согласност со германските правила за приватност, е обвинет дека избодел 35-годишна жена повеќе од 30 пати во станот на жртвата на 11 јуни 1978 година, пренесува АП.

Тогаш властите не можеle да го пронајдат убиецот. Германската полиција повторно ја отвори истрагата во 2020 година, разгледувајќи голем број докази, соопштија обвинителите во Штутгарт и полицијата во блискиот Лудвигсбург.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не е исклучено и ЕУ да го забрани ТикТок

Отпечатокот од прст ги одвел до осомничениот, а понатамошната истрага, вклучително и споредба на ДНК, била спроведена во соработка со американските власти, вклучително и ФБИ.

Германските обвинители побараа налог за апсење поради сомневање за убиство.

Мажот беше уапсен на 13 февруари со помош на ФБИ и полицијата на државата Њујорк и се наоѓа во американски затвор. Германските власти бараат негова екстрадиција.

Убиството во Германија не застарува.