Поради запалено стрниште изгоре систем за наводнување во село Пчиња

Сподели со своите пријатели

Системот за наводнување на оранжериите во кумановското село Пчиња вчера изгорел во пожар при што е нанесена поголема штета.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот избувнал откако запалено стрниште и сува трева излегле од контрола.

На терен интервенирале тројца пожарникари во период од 18:05 до 20:28 часот.

Пожар вчера имало и во селото Речица каде горело запалено стрниште. Таму во период од 12:05 до 12:55 часот интервенирале тројца пожарникари.

Нешто подоцна, во период од 14:00 до 16:00 часот тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева во липковското село оригзаре.

Сува трева горела и во селото Горно Којнаер, каде во период од 17:00 до 17:25 часот интервенирале тројца пожарникари.

Интервенции бележат и пожарникарите на ТППЕ Старо Нагоричане

Суви гранки гореле во селото Старо Нагоричане при што тројца пожарникари интервенирале вчера во период од 15:45 до 16:50 часот.

Loading...

Во селото Младо Нагоричане горела сува трева. Двајца пожарникари го гаснеле огнот од 19:00 до 20:30 часот.

Во овој момент, според последните информации на РЦУК, нема активни пожари низ кумановско.

Никола Ивановски