Поради штрајкот во прекин железнички сообраќај во Австрија

Сподели со своите пријатели

Поради штрајкот во Австрија во понеделник, целиот железнички сообраќај во таа земја е во прекин, што предизвика и откажување на возовите во соседна Германија.

Loading...

Еднодневниот предупредувачки штрајк ги зафати и сите меѓународни железнички врски со Австрија.

Германскиот оператор Дојче Бан објави дека ноќните возови од и до Австрија ќе бидат суспендирани до вторник.

Во Австрија инфлацијата се искачи на 11 отсто, а железничарите бараат просечно зголемување од 12 отсто за да ги надоместат загубите.

Бидејќи претставниците на работодавачите во неделата понудија само 8,4 отсто, преговорите беа прекинати без да се одреди датум за нови преговори.

Пред штрајкот, државната железничка компанија ÖBB минатата недела повика да не се планира патување со воз за понеделник.

Според ÖBB, околу 8.000 патнички и товарни возови сообраќаат во Австрија секој ден.

Секој ден со воз патуваат околу еден милион патници.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.