Поради кражба, приведен 25-годишник од Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен жител на Куманово бил приведен вчера под сомнение дека крадел од приватен имот.

Loading...

– На 28.02.2024 во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.Ш.(25) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека на 27.02.2024 од приватен имот на улица „Вера Которка“ во Куманово одзел повеќе предмети.

– Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги