Поради климатските промени, во атмосферата измерен 4 пати повеќе метан

Сподели со своите пријатели

Истражувајќи ги климатските промени, научниците од Технолошкиот институт Нанјанг во Сингапур открија дека тоа влијае на создавањето на атмосферскиот метан во многу поголема мера отколку што се мислеше.

Loading...

За да го спроведат ова истражување, научниците ги анализираа атмосферските настани во последните четири децении, земајќи ги предвид различните ситуации во кои температурните промени доведуваат до намалување или зголемување на метанот во атмосферата.

Тие дошле до сознание дека во наредниот период Земјата би можела да создаде дури четири пати поголема количина на метан од претходните проценки, додека согорувањето на овој гас би можело да биде исто толку помалку.

Зголемувањето на количината на атмосферскиот метан доведува до побрзо затоплување на Земјата, додека високите температури го фаворизираат создавањето на метан, па доаѓаме до маѓепсан круг, бидејќи затоплувањето резултира со задржување на топлината во атмосферата, која останува заробена.

Понатамошниот процес на оксидација доведува до формирање на атмосферски јаглерод диоксид, што повторно негативно влијае на климата поради ефектот на стаклена градина.

Проблемот е што зголемените температури доведуваат до зголемен број шумски пожари ширум светот, што го спречува намалувањето на количината на метан во атмосферата.