Поради хормонско пореметување ѝ расте брада: Одлучила да престане да се бричи (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Да се ​​биде тинејџер е доволно тешко – поминувате низ пубертет и се борите со битките со самодоверба, а исто така има и борба со хормоните што се јавуваат.

Loading...

Сега замислете како е да се поминува низ сето тоа во ситуација кога хормоните предизвикуваат – раст на брадата.

 

https://www.instagram.com/p/CEnP_z-AwNR/

 

Токму тоа ѝ се случило на 27-годишната Алма Торес, која на 15-годишна возраст развила синдром на полицистични јајници. Таа пробала сè за да ги отстрани вишоците влакна што никнуваа по нејзината вилица, од бричење, белење, депилација, па дури и ласерско отстранување на влакна, но ништо не го спречило враќањето на темните влакна, пренесува metro.co.uk.

Осум години подоцна, таа одлучила да се откаже од отстранување на влакна и да ја прегрне брадата – и сега вели дека тоа е најдоброто што некогаш го направила.

 

Loading...

https://www.instagram.com/p/CD2ZaFfga9e/

 

Поминале четири години откако започнала да пушта брада, а Алма ја сподели својата приказна за да ги охрабри другите луѓе да ги прифатат нивните физички разлики.

– Научив да го прифаќам она што не можам да го променам. Тоа е мојот омилен цитат, оној според кој живеам, вели таа.

 

https://www.instagram.com/p/CDaCg2MADcC/

 

Алма потсети дека на нејзиното лице за прв пат и пораснале темни влакна на 15-годишна возраст, кога добила синдром, иако не ѝ било дијагностициран се додека не направила крвна слика на 18-годишна возраст.

Loading...

Синдромот на полицистични јајници е хормонална состојба која влијае на функцијата на јајниците. Вообичаени симптоми вклучуваат неправилни циклуси, зголемување на телесната тежина и прекумерен раст на влакната, а исто така може да доведе до неплодност.

„Никогаш не забележав како луѓето ме исмеваат за брадата на лицето, сè додека училишен советник за насочување не ме праша дали ми пречи и одеднаш сфатив колку луѓето зјапаат и шепотат“, рече Алма.

 

https://www.instagram.com/p/CCALDeHA5i7/

 

– Тоа ми промени се. Прв пат се избричив на 16 години и продолжив да се обидувам да се ослободам од брадата во следните осум години – рече таа.

Кога конечно ѝ била дијагностицирана болеста на 18-годишна возраст, таа го опиша тоа како вистинска шлаканица за самодовербата и станала многу депресивна. Но, со текот на времето, таа научила да ја прифаќа нејзината состојба – и брадата што растела со таа состојба.

 

Loading...

https://www.instagram.com/p/CAODdnOA4Ro/

 

– Кога имав 19 години, околу една година по дијагнозата, решив да се погрижам за себе – рече Алма и додаде:

– Навистина се мачев на почетокот и секој пат кога ќе се обидев да ја пуштам брадата, на крајот ќе ја избричев по неколку дена.

На 23-годишна возраст, Алма се ослободила од жилети, белила и ленти за отстранување на влакна и ја остави брадата да расте. Прво била несигурна, но научила да не се грижи за тоа што мислат другите луѓе.

 

Loading...

https://www.instagram.com/p/B_0Zeg6gFBU/

 

– Толку време се обидував да го променам начинот на кој изгледам, но не успеав. Отпрвин луѓето имаа сурови коментари и тоа навистина ја разниша мојата самодоверба. Бев многу несигурна кога ги фатив луѓето како ме фотографираат додека мислеа дека не гледам. Сега сè уште гледам како ме сликаат кога сум надвор, но тоа воопшто не ми пречи. Само се свртев и почнав да ги гледам за да знаат дека можам да видам што прават и не ми е гајле што мислат за мене, вели Алма.

Алма сега ја споделува својата сторија на Инстаграм со надеж дека ќе ги инспирира другите.

 

Loading...

https://www.instagram.com/p/B_QIGilgYOS/

 

– Социјалните мрежи ми дозволија да ја споделам својата приказна и да им покажам на луѓето како го прифатив она што не можам да го променам, што стана моја мантра, рече таа и додаде:

– Добивам далеку повеќе позитивни коментари отколку негативни и разговарав со многу жени кои сами се борат со овој синдром, кои ме прашуваат за совет и ми кажуваат дека им помага мојот Инстаграм. Јас само сакам да им помогнам на луѓето да разберат дека сме различни едни од други и дека нема потреба да се менуваме, но треба да научиме да се сакаме себеси. Самодовербата не е нешто што може да се изгради преку ноќ, ми требаа години за да дојдам до оваа точка! Треба да одите од ден на ден и да верувате во себе. Тоа што научив да ја прифатам брадата беше, без сомнение, најдоброто нешто што некогаш сум го направила, вели Алма.

 

Loading...

https://www.instagram.com/p/B-z9uRygnzs/

Leave a Reply