Поради „грешка во пресметката“, САД ѝ испраќаат на Украина уште 6 милијарди долари воена помош

Сподели со своите пријатели

Пентагон соопшти дека ја преценил вредноста на оружјето што ѝ го испратиле на Украина за 6,2 милијарди долари, што е приближно двојно повеќе од она што всушност било испратено, што значи дека вишокот ќе се користи во иднина за дополнителни резерви на оружје.

Loading...

Деталниот преглед на сметководствената грешка покажа дека е користен трошокот за замена, а не книговодствената вредност на опремата што е извлечена од залихите, рече портпаролката на Пентагон Сабрина Синг, пренесе Гардијан, цитирајќи ги агенциите.

Пентагон претходно направи слична грешка, кога ја прецени вредноста на муницијата, ракетите и другата воена опрема за три милијарди, а бројката може да се зголеми со понатамошна истрага.

Во вторникот Синг рече дека конечните пресметки покажале дека има грешка од 3,6 милијарди за тековната фискална година и 2,6 милијарди за фискалната 2022 година, која заврши на 30 септември.

Како резултат на грешката, Министерството за одбрана сега има дополнителни пари што треба да ги искористи за поддршка на контраофанзивата на Украина против Русија.

Врз основа на претходните проценки, објавени на 13 јуни, САД и дадоа на Украина безбедносна помош во вредност од 40 милијарди долари, но ревизијата покажа дека испратила нешто помалку од 34 милијарди долари.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.