Попладнево повторно локален дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 14, а максималните од 23 до 28 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно претпладне, по што не очекува зголемување на облачноста што ќе донесе повторно грмежи и врнежи. Максималната дневна температура ќе достигне 24 степени.

Во вторник се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда во раните утрински часови сеуште се можни слаби врнежи од дожд, но во текот на денот на денот се очекува постепено стабилизирање на временската состојба кај нас.

Leave a Reply