Помошен објект изгоре во Ново Село, а оџак од куќа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три интервенции имале кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие, меѓу кои на запален помошен објект, но и оџак од куќа.

Loading...

Во селото Ново Село била опожарена помошна просторија. Тројца пожарникари интервенирале во период од 12:55 до 14:45 часот. Причина за пожарот како и висина на материјалната штета допрва ке се утвежрдува.

На улицата „Боро Сликар“ во Куманово се запалил оџак на семејна куќа. Двајца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале во период од 13:50 до 14:25 часот.

Третата интервенција на кумановските пожарникари била на опожарена сува трева во близина на Граничниот премин Табановце. Акцијата за гаснење траела од 16:50 до 18:05 часот, а учествувале тројца припадници на ТППЕ Куманово.

Никола Ивановски