Помалку криминалитет и сообраќајни незгоди во Куманово во 2020 година

Сподели со своите пријатели

Kриминалитетот на подрачјето на Општина Куманово во текот на 2020 година бил во намалување, исто како и бројот на случените сообраќајни незгоди, покажува извештајот на Полициската станица од Општа надлежност Куманово кој денеска беше изгласан на Советот на општината.

Loading...

Минимално зголемување, според податоците во извештајот се бележи кај прекршоците во областа на јавниот ред и мир.

 

 

Класичен криминал

Во текот на  2020 година, регистрирани се 1. 159 (1.388) кривични дела, што во однос на  2019 година,  можеме да констатираме дека пројавениот криминалитет е во намалување од 16,5%. Од вкупниот број  на кривични дела  реализирани се 803. Во текот на извештајниот период поднесени се 757  кривични пријави, против 933 сторители, стои во годишниот извештај.

Во текот на  2020 година, регистрирани се вкупно 854 кривични дела од областа на класичниот криминал,  а во однос на  2019 година кога беа регистрирани 1130 кривични дела од оваа област, можеме да констатираме дека истите бележат намалување од 24,4%, изготвени се 485  кривични пријави, против 601 сторители.

Loading...

Од вкупниот број на кривични дела, 67 (79) се кривични дела против животот и телото и тоа сторени како: 55 (51) Телесна повреда, 6 (12) Тешка телесна повреда, 6 (16) Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Од областа на кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот регистрирани се 34 (36) кривични дела и тоа: 22 (29) кривични дела Загрозување на сигурноста, 12 (7) Злоупотреба на лични податоци.

Од вкупната бројка на сторени кривични дела, најголемо е учеството на ИМОТНИТЕ ДЕЛИКТИ со регистрирани 454 (609)  дела и тоа: 193 (210)-Кражби, 231 (348)-Тешка кражба, 7 (13)-Разбојништво,  16 (20)-Измама, 7 (18)-Одземање на моторно возило. Од наведените кривични дела откриени се сторителите на 138  кривични дела.

 

 

Од кривичните дела против безбедноста на јавниот сообраќај регистрирани и расветлени се 144 (176) дела и тоа: 119 – Загрозување на безбедноста на сообраќајот  22- Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и 3-Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Од кривичните дела против правосудството регистрирани се 2 лажно пријавување на кривично дело, 1 кривични дела Давање лажен исказ сторени од страна на познати сторители.

Loading...

Откриени се 53(105) кривични дела против правниот сообраќај и тоа: 43 Фалсификување исправа и 10 Употреба на исправа со невистинита содржина, сите кривични дела се расветлени,

Од кривични дела против јавниот ред регистрирани се 48(44) кривични дела и тоа: 24(25) Насилство, 14(12) Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност, 8(3) Спречување службено лице во вршење службено дејствие, 2(4) Самовластие.

Во текот на  2020 година регистрирани се 630 (739) кривични дела кои се гонат по приватна тужба,  пријавени кривични од кои 193  се реализирани. Од наведените дела регистрирани се 255 (311) Кражба,  315 (321) Оштетување туѓи предмети, 14(12) Телесна повреда, 13 (15) Измама,  16 (12) Загрозување на сигурност,  08(04) Самовластие, 06(04) Затајување.

 

 

Економски криминал

Од превземените активности извештајниот период резултираше со откривање на 241 (182) кривични дела, што представува зголемување од 24,5% од кои 161 се кривични дела за Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија за спречување и ширење на COVID 19, во однос на извештајниот период од минатата година, изготвени се 209  кривична пријава, против 265 сторители.

Loading...

Структурата на кривичните дела е следнава: 13(35) Злоупотреба на службена положба, 17(13)  Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, 2(11)  Несовесно работење во службата, 01 (8) Узурпација на недвижности, 38(75) Вршење јавен превоз без поседување лиценца, 1 (9) Фалсификување службена исправа, 2 (6) Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама,01(01) Оштетување или повластување на доверители,01(02)Компјутерска измама,161(00)Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија за спречување и ширење на COVID 19.

Недозволена трговија

Во текот на 2020 година, активностите насочени кон спречување и откривање на недозволена трговија резултира со откривање на 51  кривични дела,Изготвени се 49 кривични пријави, против 51  сторители.

Откриените кривични дела се: 47 Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, 4 Недозволено држење на оружје или распрскувачки материи.

 

Loading...

 

Организиран криминал

Во извештајниов период од областа на организираниот криминал има регистрирано 14  кривични дела.Изготвени се 14 кривични пријави, против 16  сторители.

Регистрираните кривични дела се 13 (9) Криумчарење мигранти,Примање поткуп 01(01).

Во областа на ЈАВНИОТ РЕД И МИР не се регистрирани нарушувања од поголем обем и прекршоци со потешки последици со национална мотивираност и нетрпеливост на поединци и групи. Во текот на  2020 примени се пријави за 577 (437) прекршоци.

Loading...

Најголем број од прекршоците се забележени по чл.6 под дејство на алкохол   65(13) и  по чл.4- карање и викање 143(87), омаловажување на ОСЛ-58 (42),физички напади 152 (202),  учество во тепачка 65 (50),лажно пријавен настан 54(19)  итн.

До Основен суд Куманово и Комисија за прекршоци поднесени се 582 (428) Барања за поведување на прекршочна постапка против 764 (562) прекршители.

Во областа на ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ состојбата се оценува релативно стабилна со оглед на фактот да на јавните патишта и улиците во градот се случија вкупно 333 (523) сообраќајни незгоди и истите бележат намалување од 36,3%, во извештајниов период има регистрирано 7(10) сообраќајни незгоди со загинати лица и  загинати се вкупно 08(10) лица.

На превентивно репресивен план преземени се следните активности и мерки: поради управување возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола, како и управување технички неисправно или нерегистрирано возило од јавен сообраќај исклучени се 1597  возачи и 704 возила, вршено е алкотестирање на 413 возачи, а покажале знаци на алкохолизираност 167 возачи.

По преземените мерки, за сторени сообраќајни прекршоци поднесени се вкупно 4443 (3363) Барања за поведување на прекршочна постапка, стои во годишниот извештај на Полициската станица од Општа надлежност Куманово за 2020 година.

Loading...

Leave a Reply