Полудел поради алиментацијата: На бившата жена ѝ истовари 80.000 монети на тревникот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Татко на една тинејџерка од Вирџинија ја платил последната рата на алиментацијата со истоварување на 80.000 монети на тревникот на неговата отуѓена ќерка.

Loading...

Мајката и нејзината ќерка ги зеле монетите и решиле да донираат 800 американски долари на Центарот за социјална работа на Саф Харбор, пишува Фокс Њуз.

Ејвори Санфорд (18) веќе неколку години не разговарала со нејзиниот татко, а исто така вели дека тоа не ја интересира бидејќи не сака да се занимава со никој што се однесува така кон нејзината мајка.

Кога ги истоварувал монетите, мајката на тинејџерката го прашала што прави, а тој рекол дека ова е последната рата за алиментација.

– Тој не се обидуваше да ја посрамоти само мајка ми, туку и мене и сестра ми. Ме боли што не размислуваше кога започна да го прави ова – рече Ејвори.

Таткото рече дека го повеле емоциите и дека му е жал за таа одлука, пренесува Индекс.

Мајката и ќерката решиле негативното искуство да го претворат во позитивно донирајќи ја добиената сума на оние на кои им се потребни парите, за што добија бројни пофалби на социјалните мрежи.

 

Loading...

Leave a Reply