Полските земјоделци ги блокираат граничните премини со Украина

Сподели со своите пријатели

Полските земјоделци најавија дека ќе ги интензивираат протестите на границата со Украина, блокирајќи го речиси целиот сообраќај во, како што велат, обид да се спаси нивната егзистенција, додека Киев тврди дека ситуацијата влијае на одбранбените способности на Украина.

Loading...

Портпаролот на полскиот Солидарен сојуз на фармери, Адријан Вавржињак, најави дека ќе има „целосна блокада на сообраќајот на граничните премини“, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Вавржињак рече дека ќе се дозволи воена помош да минува низ границата, но дека ќе бидат блокирани пристаништата и автопатите, како и целиот патнички сообраќај.

Украинските транспортери соопштија дека планираат мирен протест на три премини кои веќе се блокирани од полските земјоделци.

„Ерозија на солидарноста“

Во коментар за новинската агенција Укринформ, нивниот претставник најави дека ќе го контролираат сообраќајот на премините, спречувајќи ги полските камиони да го заобиколат, како што го нарече генералниот поредок.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека ситуацијата на границата покажува „ерозијата на солидарноста на дневна основа“.

Тој нагласи дека само пет отсто од украинскиот земјоделски извоз ја преминал границата со Полска, додавајќи дека повеќе се работи за политика отколку за жито.

Потребни ни се заеднички одлуки, рационални одлуки за да се реши оваа ситуација“, посочи Зеленски.

Loading...

Протестите на полските земјоделци треба да траат до 15 март.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.