Полска: Девојче забременило откако ја силувал вујкото, лекарите одбиле да ѝ направат абортус

Сподели со своите пријатели

На 14-годишно девојче со пречки во развојот од Полска животот за неколку месеци се претвори во целосен пекол.

Loading...

Прво била силувана од нејзиниот вујко, а потоа било утврдено дека е бремена. И што е најлошо, лекарите во две болници одбиле да ѝ направат абортус.

Имено, иако 14-годишното девојче очигледно било жртва на малтретирање, лекарите категорично одбиле да ѝ направат абортус, а не сакале ниту да ѝ кажат каде може да изврши легален абортус, што е нелегално, пишува Дејли Мејл.

Тетката на девојчето, која ја однела на лекар, вели дека кон неа се однесувале „брутално и нехумано“.

Таа наведува дека дури им доставила и документација од обвинителот дека била силувана и дека абортусот ќе биде легален.

„Ми рекоа дека нема да абортираат, дека не знаат каде може да го направи тоа. Дрско ни рекоа да излеземе од нивната болница“, рекла тетката.

Тетката потоа стапила во контакт со организацијата за репродуктивно здравје Федера, која ѝ помогнала на младата девојка да замине во Варшава, каде што абортусот бил безбедно и успешно извршен.

Овој случај крена голема бура во полската јавност, бидејќи граѓаните на оваа земја со години се револтирани од законот за абортус, кој е на сила во нивната земја, а кој важи за еден од најстрогите во светот.

Loading...

Во Полска, прекинувањето на бременоста е легално само ако е резултат на кривично дело како силување или инцест или кога здравјето на жената е загрозено. Сепак, дури и тогаш, лекарите можат да одбијат да го извршат тоа од чисто етички причини.

Портпаролот на Министерството за здравство Војчех Андрушевич потврди дека локалните болници не го почитуваат законот и дека е започната истрага.

„Таков абортус или треба да се изврши или да се определи место каде што може да се изврши таков абортус, па затоа болницата постапила спротивно на законските одредби“, рече Андрушевич.

Артур Плахта, гинеколог и член на Лекарската комора изјави дека е револтиран од ваквото однесување на неговите колеги.

„Се срамам од нив затоа што не му помогнаа на детето. Ова дете доживеа две трагедии: некој ја силувал, дека некој е член на нејзиното семејство, а потоа лекарите не сакале да и помогнат“, изјави Плахта.

Конечно, комесарот за правата на пациентите рече дека иако индивидуалните лекари можат да се повикаат на „клаузулата на совеста“ и да одбијат да направат абортус, целата болница не може.