Полицискиот час би траел две недели, доколку го донесе Владата утре

Сподели со своите пријатели

Владата утре треба да се произнесе за предлогот на Комисијата за заразни болести по однос на предлогот за полициски час од 22 до 05 часот.

Loading...

Доколку Владата се изјасни позитивно на овој предлог, полицискиот час би траел две недели. И во работните денови и за време на викендот ќе биде истата временска рамка на ограничувањето во движењето, рече министерот за здравство Венко Филипче, но потенцираше дека ситуацијата ќе се следи.

– Засега две недели, тоа е и епидемиолошки циклус кога очекуваме да имаме резултати, но гледаме и следиме може да има измена. Вклучително и за денови на викендот важи ова ограничување, но ја следиме ситуацијата ако треба ќе носиме вакви препораки, изјави Филипче.

Причината зошто сега се препорачува мерката за ограничување на движењето, Комисијата за заразни болести го темели на зголемениот број на нови случаи, но и хоспитализирани пациенти во болниците.

Во вечерните часови, по затворање на угостителските објекти се прават групирања на јавни површини и тоа е причината поради која се препорачува полицискиот час да почнува од 22 часот.

Како најкритични, според министерот, се Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и Охрид.

– Во Кавадарци целосно е исполнето инфективното и дополнителнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница. Исто е во Прилеп, а ние гледаме тука во Скопје секојдневно се поголем број на случаи што бараат хоспитализација, затоа во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и повторно се спремни сите интерни клиники тоа го организиравме денеска во текот на утрото онака како што беше во ноември, изјави министерот.

Ударот врз болниците, според министерот, не е како на почетокот на ноември и нема значајна разлика во инциденцата, ниту пак заболените имаат значително потешки симптоми и клиничка слика.

Loading...

– Ние мора да сме внимателни и спремни и во таа смисла препораката на Комисијата за заразни болести е да има ограничување на движењето после 22 часот поради тоа што сметаат дека има групирања по затворање на угостителските објекти без почитување на превентивни мерки на јавни површини и простори, изјави министерот.

Засега угостителите и натаму ќе работат до 21 часот, со оглед дека тоа се места каде се почитуваат мерките за заштита од вирусот.

– Сепак во угостителските објекти има протоколи и се што треба е да се почитуваат. Инспекторатите може и еве користам да укажам дека и КЗБ апелираше инспекторатите, свесни сме дека се нон стоп на терен и под притисок но колку може таа работа да се интеизвира во смисла на контрола и проценка дали се почитуваат протоколите или не. Угостителските објекти работат со протоколи сосем доволни врз основа на стандардните принципи да се спречи ширењето на болеста, рече министерот.

Ситуацијата, вели Филипче, не е критична, а има и слободни болнички капацитети.

Во однос на тоа дали како минатата година и оваа за претстојните празници ќе има затворање, министерот вели дека се земаат предвид големите настани кои носат ризик од масовни собири и допрва ќе се одлучува.

Никола Ивановски

Leave a Reply