Полицијата се уште без одговор: Убиство или самоубиство? (видео)

Сподели со своите пријатели

Според последните информации пред неколку минути заврши увидот на полициските екипи, како и екипите на крим-техника во зградата на кумановскиот градоначалник лоцирана на булеварот „Октомвриска револуција“, каде утринава беше пронајдено едно безживотно тело.

Ниту од СВР Куманово, но ниту од Министерството за внатрешни работи се уште нема информација дали се работи за убиство или самоубиство. Жителиет во зградата, меѓу кои и градоначалникот цело утро минаа зад затворени врати, бидејќи силните полициски сили не дозволуваа влез и излез од објектот.

Неофицијално станува збор за маж на околу 60-годишна возраст, а негвото тело со прострелна рана во перделот на главата било пронајдено измеѓу првио и вториот кат на самите скали. До него било пронајдено и огнено оружје за кое одпрва ќе се испитува дали со него е извршено убиството.

Телевизијата Алсат-М со ексклузивни снимки од пред зградата каде утринава се случил немилиот настан.